Macedonia
Во светот кон кој целиме во иднина, ниту едно пакување не станува отпад. Отпадот од пакувања е глобален проблем кој ги загрозува нашите океани и здравјето на планетата. Сакаме да придонесеме за создавање кружна економија во која материјалот за пакување никогаш не станува отпад, туку се користи повторно, се рециклира или се компостира.
Погледнете ја изјавата за рециклирање на пакувањето и дознајте повеќе за нејзиното значење во табелата дадена подолу:
| Изјава за рециклирање на пакувањето | Што значи? |
|---|---|
| Се рециклира | Нашето пакување е вреден ресурс и по неговото користење. Празното пакување може да се стави во канта или вреќа за рециклирање за да се овозможи правилен процес на рециклирање. Исто така, може да го однесете ова пакување во најблискиот центар за рециклирање. |
| Дизајнирано за рециклирање | Нашето пакување е дизајнирано според насоките за рециклирање за да се зголемат значително шансите за негово рециклирање онаму каде што постои инфраструктура за рециклирање флексибилна пластична амбалажа, истовремено гарантирајќи ги истите стандарди за квалитет и за безбедност на храната. Во моментов, инфраструктурата за рециклирање во вашата земја не нуди можност за рециклирање на ова пакување преку домашниот систем за рециклирање. Во иднина ќе продолжиме да соработуваме со други страни за да ја подобриме инфраструктурата за рециклирање во вашата земја. |
| НЕМА ИЗЈАВА на пакувањето | Во процес сме на подобрување на нашето пакување за да може да се рециклира. Дополнително, истовремено работиме и на унапредување на локалната инфраструктура за рециклирање. |